Petition Closed

Lawful and Peaceful Formation of the Government of the Republic of Macedonia

This petition had 125 supporters


Macedonian, followed by English, below:

Ние, македонски државјани кои живеат надвор од нашата земја, луѓе со македонско потекло, и пријатели на Република Македонија,

АПЕЛИРАМЕ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ И ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЗЕМЈАТА

Да овозможат формирање на функционална влада согласно резултатите на декемвриските избори, чии претставници ќе бидат посветени на демократските права и слободи на сите граѓани на Македонија, со целосно почитување на Уставот и сите закони.

Граѓаните на Република Македонија никогаш не биле вака поделени од независноста на земјата во 1991-ва година. Јавниот и политичкиот дискурс никогаш не бил под поголема закана од лаги, дезинформации, и потпалувачка реторика.

Гледајќи на Република Македонија од надвор, се плашиме од најлошото - политички безизлез, економски колапс, па дури и граѓанска војна предизвикана од демагози кои претендираат дека ја бранaт земјата и идентитетите на своите луѓе.

Апелот за формирање на владата е веќе направен од страна на бројни субјекти во меѓународната заедница. Како членови на македонската дијаспора и пријатели на Република Македонија, ние ги додаваме нашите гласови кон нивните препораки.

Секое натамошно попречување на овој процес може да ја направи ситуацијата уште понеодржлива - и да предизвика многу подлабоки проблеми за земјата и нејзините граѓани.

ДА РАБОТИМЕ ЗДРУЖЕНО НА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДОБРОТО НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ, СЕГА И ВО ИДНИНА!

WE, Macedonian nationals living outside our country of origin, people of Macedonian descent, and friends of the Republic of Macedonia,

APPEAL TO THE POLITICAL PARTIES IN THE COUNTRY, AND ALL OF THE AFFILIATED GROUPS AND ASSOCIATIONS

To allow for the creation of a functional government in accordance with the results of the December elections, whose officials will be dedicated to the democratic rights and freedoms of all Macedonian citizens as set forth in the Constitution and all related laws.

The citizens of the Republic of Macedonia have never been this divided since the country's independence in 1991. The political and civic discourse has never been more threatened by lies, disinformation, and inflammatory rhetoric.

As we look at the Republic of Macedonia from outside, we fear the worst - a political impasse, economic collapse, and possibly even a civil war provoked by demagogues who pretend to defend the country and its people's identities.

The formation of the government has already been strongly recommended by numerous entities within the international community. As members of the Macedonian diaspora or friends of the Republic of Macedonia, we are adding our voices in favor of these recommendations. Any further obstruction of this process is bound to make the overall situation untenable - and cause much deeper problems for the country and its people.

LET US WORK TOGETHER ON BRINGING MACEDONIA BACK TO HEALTH - FOR THE GOOD OF ITS PEOPLE, NOW AND IN THE FUTURE.

 

 



Today: Macedonian diaspora and friends of Macedonia is counting on you

Macedonian diaspora and friends of Macedonia needs your help with “Lawful and Peaceful Formation of the Government of the Republic of Macedonia”. Join Macedonian diaspora and friends of Macedonia and 124 supporters today.