БАРАМЕ ПАРЛАМЕНТОТ ДА ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА ФЕР И ПРАВЕДЕН ПОПИС ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

0 have signed. Let’s get to 7,500!


Ве повикуваме заеднички да го спречиме политички мотивираниот попис во РМ, ограбувањето на народот и уште поголемата и подлабока здраствена и економска криза, а сè под закрила на пандемијата од корона вирусот.

Македонскиот народ заслужува статистички исправен и точен попис на населението, кој Владата на СДСМ се подготвува да го лажира, а притоа да го загрози здравјето и животите на илјадници наши сограѓани.

Фалсификуван попис каков што турка Власта граѓаните ги чини пари.

Во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми.

Точно е дека Македонија немала попис скоро 20 години, но, исто така, вистина е дека и оваа Влада, ја користи пандемијата од Ковид 19 за постигнување на приватни и политички цели. А, планираниот попис на кој упорно инсистираат, ќе биде уште една „кражба“ на Македонија, под закрила на вирусот.

1. Ако пописот е статистичка, а не политичка операција, зошто се потребни два потписа на завршните документи?

2. Дали лицата кои ќе вршат попис мораат да покажат негативен ПЦР тест, при влез во вашиот дом?

3. Кој гарантира дека на овој начин нема да се прошири заразата од корона вирусот и нема да разбуди уште поголема здраствена и економска криза во Македонија?

4. Која е методологијата по која ќе се изврши овој попис?

5. Зошто владата одбива скенирање отпечатоци на прсти, а пописот може да се сведе на обично диктирање на матични броеви?

ВМРО ДПМНЕ предлага одложување на пописот за 1 година, а до тогаш: • Да се создаде консензус помеѓу сите партии во Парламентот;
„Finger print“ апаратите кои секако мораат да се набават за локалните избори, да се искористат и за пописот;
Да се креираат непартиски, професионални тимови, обучени за попис, наместо партиските „војници“;

Ја сакаме Македонија во ЕУ. Овие предлози ќе осигураат пописот да се спроведе статистички, без манипулации и влијанија. Македонија би добила јасна слика со што располага, а ЕУ ќе знае кого прифаќа меѓу сопствените редови.

СТОП ЗА ПОПИС КОЈ Е ПОЛИТИЧКИ ГРАБЕЖ. ДА ЗА ПОПИС КОЈ Е СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од попис кој е фалсификат. ВМРО ДПМНЕ ќе собира потписи за спречување на фалсификат попис.