ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ РОДОВА (ЏЕНДЕР) ИДЕОЛОГИЈА

0 have signed. Let’s get to 500!


СО РОДОВАТА (Џендер) ИДЕОЛОГИЈА СЕ ВРШИ ДИРЕКТНО ПСИХОЛОШКО ЗЛОСТАВУВАЊЕ ВРЗ ДЕЦАТА, ОДНОСНО ПСИХОЛОШКО ЗЛОСТАВУВАЊЕ ВРЗ ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО!!!

Почитувани граѓани, да размислиме и да се запрашаме до каде може да оди развитокот на човештвото со прифаќањето, унапредувањето и агресивното наметнување на барањата на ЛГБТ организацијата?!

 - https://www.youtube.com/watch?v=sTfQ44HFu6k

 - https://www.facebook.com/TheDailySignalNews/videos/967580886741197/?query=%D1%9F%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D1%80

ПОВИК ДО СИТЕ ЛУЃЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ОВАА ПЕТИЦИЈА!

Почитувани пријатели , браќа и сестри во Христа и сите  луѓе.
Се повеќе сме сведоци на многу информации кои проследија деновиве во јавноста, кои не поттикнуваат сите на размислување.

Се повеќе сме сведоци на еден обид за промена на свесниот и здрав начин на вредносен систем, полека да биде заменет со систем кој е лажен, а кој сака да се претстави како вистински.

Преку промените како што се: легализирањето на геј бракови, нивно посвојување на деца и промена во образовниот систем, постепено и неприметно преку разни други промени како што е и родовата (џендер) идеологија, поджани од организацијата на ЛГБТ, која зема се поголем замав во целиот свет, се обидуваат да протуркаат нешто со кое ќе се извртат вистинските вредности и се протнуваат лажни, кои треба полесно да ги "свариме", прифатиме како да се нормални и добри за иднината на сите луѓе.

Секој човек има демократско право на избор на вредносен систем кој сака да го живее и да го брани како таков, но никој нема право да му го наметнува на оној кој не се сложува со неговиот вредносен систем со закон, односно на сила.

Секој човек е одговорен за својот избор и последиците од тоа што го избрал.
Без разлика дали верува некој во Бог или не, без разлика дали е партиски определен, без разлика дали е од друга националност или вера, во секој човек постои нешто што го нарекуваме моралност, етичност, природност, нормалност.

Доколку се сложуваме со тоа и го браниме ставот на моралното и етичното, природното, нормалното, тогаш СИТЕ НИЕ да застанеме НА ИСТА СТРАНА и да не го дозволиме ова постепено наметнување на горе споменатите ЛГБТ промени врз сите луѓе.

Ние сме против извртувањето на вистинските вредности и против извртувањето на ВИСТИНАТА, се спротивставуваме на лагата, и не дозволуваме да ни се наметнува како исправна ниту на нас ниту на нашите идни поколенија!

Немаме ништо против изборот и начинот на живот на различните од нас, но нема да дозволиме нивната различност да ја наметнуваат на останатите како нормална и исправна појава користејќи секакви средства, поготово во образованието на децата.

Апелираме до сите  луѓе, за подигање на свесноста, бидејќи колку повеќе свесни луѓе, толку посвесно и поздраво општество.

Да не дозволиме директно да се атакува на единствената клетка на едно оштеството, кое е семејството создадено од татко и мајка, каде единствено се раѓа и создава нов живот. Во таа насока што би се случило со човештвото?

Сите ние, на кои ни значат вистинските вредности и насоки во животот и сме засегнати од ова, заеднички да застанеме против секое искрививање на здравите вредности и да го браниме здравиот вредносен систем изграден врз цврсти и здрави темели.

Да се подигне нивото на свесност кај луѓето, да знаеме што значи продолжување и зачувување на животот, што е здраво и нормално и да се спротивставиме на оние кои свесно се против тоа.

Да бидеме заедно во ова зачувување на единствената и најважна ВРЕДНОСТ - ЖИВОТОТ!

Можеби и некој кој  не знае која е позадината на сето ова, ќе се освести од заблудата и ќе избере да биде на вистинската страна, на страната на ЖИВОТОТ!

 

 



Today: ana is counting on you

ana janeva needs your help with “Facebook: ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ РОДОВА (ЏЕНДЕР) ИДЕОЛОГИЈА”. Join ana and 474 supporters today.