Da se vratat Eurosport i Discovery kanalite na MaxTV i Vip TV

0 have signed. Let’s get to 1,000!


Македонските провајдери оне.Вип и Македонски Телеком, почнувајќи од 01.01.2018 година, прекинаа со емитување на ТВ каналите Discovery, TLC, Investigation Discovery (ID), EuroSport 1 и 2.

Очигледно е дека кај нас постои сеуште монопол (дуопол или како веќе се вика) со договарање на мобилните и фиксните оператори и сѐ само за нивен интерес. Ние сме можеле да плаќаме за нивните услуги, за наши прилики големи суми, а тие не можеле (или не сакале) да платат за квалитетот на услугите кои ги добиваме. Мислам дека за ова треба малку да се заинтересира и државата со своите механизми и разни агенции кои ги има на располагање. Ние, како ‘обични’ корисници, тешко дека сами ќе можеме ова да го решиме. А СИТЕ сме против ваквото безобзирно и безобразно однесување на едни од најбогатите фирми во Македонија.

Петицијата ќе биде доставена до АЕК и Комисијата за заштита на конкуренцијата во Македонија



Today: Tino is counting on you

Tino Aleksov needs your help with “contact@aec.mk: Da se vratat Eurosport i Discovery kanalite na MaxTV i Vip TV”. Join Tino and 704 supporters today.