Граѓанска иницијатива за заштита на здравјето на учениците во учебната 2020/2021 година

Граѓанска иницијатива за заштита на здравјето на учениците во учебната 2020/2021 година

0 have signed. Let’s get to 500!
At 500 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
Miki Jefremov started this petition to Министерство за образование и наука and

Ние, родителите на учениците на Република Северна Македонија,

Револтирани од несериозноста на Министерството за образование и наука во врска со организирањето на учебната 2020/2021 година,

Вознемирени од можните последици на ширењето на вирусот во училиштата во Републиката,

Загрижени за здравјето на учениците кое поради несериозноста на Министерството за образование и наука е под голема закана поради вирусот Ковид-19,

Имајќи ги во предвид и ризиците од ширење на заразата не само во училниците, туку и за време на одморите, а особено за време на превозот на учениците до и од училиштата,

Со надеж дека ќе го намалиме ризикот по здравјето на учениците,

Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме:

1. Новата учебна година (2020/2021) да започне без физичко присуство на учениците на наставата,

2. Министерството за образование и наука (Заменик министерката за образование Елизабета Наумовска) да се одлучи колку се тоа „поголем број ученици“ во реченицата „Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи.“

3. Што ќе работи и кој ќе ја контролира групата која во тоа време нема да биде на предавање,

4. Како ќе се намали ризикот од ширење на заразата за време на гужвите во градскиот сообраќај при патување до и од училиштето?

0 have signed. Let’s get to 500!
At 500 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!