Petition Closed
Petitioning Министерство за здравство - Заменик министер Јовица Андоновски and 21 others

Сакаме патронажна сестра во нашиот дом!

Иницијатива за зголемување на опфатот со превентивните здравствени услуги на мајките и децата во Ромските и руралните заедници

Обезбедете ни:

  • соодветен број на патронажни посети за време на бременост, по породување, за деца вон образовен систем, за жени во репродуктивен период и  за адолесценти;
  • едукација за детско здравје и вакцинација во Ромски и рурални средини;
  • опфат на децата Роми со вакцинација, еднаков со децата од другите етнички заедници во Македонија.

За да се реализираат нашите барања од Владата на РМ, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и единиците на локалната самоуправа бараме:

  • да вработите доволен број на патронажни сестри во сите Здравствени домови, особено во општините: Шуто Оризари, Делчево, Пехчево, Виница, Прилеп, Битола, Гостивар и Тетово.
  • да обезбедите средства за едукативни работилници за детско здравје и вакцинација во Ромски и рурални средини и да овозможите нивно соодветно спроведување;
  • да се воведе поголема контрола врз работата на патронажната служба;
  • да воведете систем на координација помеѓу матичните гинеколози и патронажната служба;
  • да донесете единствен Правилник за работата на патронажната служба во кои ќе бидат дефинирани надлежностите на патронажната служба со посебен осврт на посетите во Ромските и руралните средини;
  • да формирате тимови за континуирано теренско откривање на невакцинирани деца во најмаргинализираните ромски и рурални средини.

Зошто се потребни ваквите акции:

Истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека:

  • поголем дел од жените Ромки за време на бременоста не се посетени од страна на патронажна сестра, а во првата година по породувањето во просек се посетени само 2 (два) до 3 (три) пати, наместо вкупно предвидените 9 (девет) посети предвидени со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата до 2015 година,
  • опфатот со вакцинација на децата Роми е на пониско ниво отколку националниот просек (кој изнесува над 95%). Опфатот на децата Роми со вакцините кои се даваат на возраст од 0 – 5 години изнесува од 63% до 100%, а опфатот со вакцините кои се даваат на возраст од 7 до 15 години се движи од 35% до 93%.

Организации креатори на оваа иницијатива: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ од Скопје, Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ од Скопје, НВО КХАМ од Делчево, Ромски ресурсен центар – РРЦ од Скопје.

Организации поддржувачи на иницијативата: Фондација Отворено општество - Македонија од Скопје, Ромска организација за мултикултурна афирмација – РОМА СОС од Прилеп, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ од Скопје, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ од Скопје, Здружение на граѓани Амбрела од Скопје, ХОПС – Опции за здрав живот од Скопје, Инцијативата на жени од Шуто Оризари, Центар за образовна поддршка Дендо Вас од Скопје, ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување од Скопје, Здружение на граѓани Ромаверзитас од Скопје, Здружение на граѓани Романо Авази од Скопје, СОНЦЕ – Асоцијација за демократски развој на Ромите од Тетово, Здружение на граѓани Светла иднина од Кочани, Центар за социјални иницијативи – Надеж од Скопје, Македонска платформа против сиромаштија, Здружение на граѓани – Хуманост од Скопје, Здружение на граѓани Бела кула од Кичево.

This petition was delivered to:
  • Министерство за здравство - Заменик министер
    Јовица Андоновски
  • Министерство за здравство - Државен секретар
    Насуф Ипчја
  • Министерство за здравство - Државен советник
    Д-р Киро Салвани
  • Министерство за здравство - член на кабинетот на Министерот
    Јован Грповски
  • Министерство за здравство
    Драгана Русеска
  • Министерство за здравство - Раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита
    Д-р Јованка Костовска
  • Министерство за здравство
    Сенад Мемеди
  • Министерство за труд и социјална политика - Заменик министер
    Ибраим Ибраими
  • Фонд за здравствено осигурување - Директор
    Сашо Стефановски
  • Фонд за здравствено осигурување - Директор
    Орхан Рамадани
  • Фонд за здравствено осигурување - Советник
    Аритон Фида
  • Фонд за здравствено осигурување - Советник
    Адем Авзиу
  • Фонд за здравствено осигурување - Советник
    Ана Петрова
  • Фонд за здравствено осигурување - Советник
    Игор Нелоски
  • Фонд за здравствено осигурување - Советник
    Бранко Аџигогов
  • Директор
    Здравствен дом Скопје
  • Директор
    Здравствен дом Виница
  • Директор
    Здравствен дом Делчево
  • Директор
    Здравствен дом Пехчево
  • Комисија за здравство
    Собрание на РМ
  • ЕСЕ
    Здружение ЕСЕ
  • Здружение ЕСЕ
    Борјан Павловски

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ started this petition with a single signature, and now has 78 supporters. Start a petition today to change something you care about.




Today: ESE is counting on you

ESE Association needs your help with “Сакаме патронажна сестра во нашиот дом!”. Join ESE and 77 supporters today.