ДОМАШКОЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ДОМАШКОЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!

Домашколување во Македонија started this petition to родителите во Македонија

ПЕТИЦИЈА
на родители кои се залагаат за одобрување на "домашно школување/образование" во Македонија или познато уште под име "homеscholiing" или "и домот е училиште".

Бараме во Македонија да биде законски овозможено домашното образование. Во светот досега има успешна и долга практика на ова образование но, кај нас е новина. Сметаме, со оглед на новонастанатата ситуација со здравствената криза, предизвикана од корона - вирусот (COVID - 19), дека ова е погодно време да се воведе и овој модел на школување.
Ние како родители посветени на најдоброто за нашите деца, бараме од Министерството за образование, да ни овозможи правна рамка, за изготвување на Правилник, кој одблиску ќе ги дефинира можностите за "домашно образование" или "homeschooling", при што се надевме дека ќе бидат опфатени повеќе успешни модели на ваквиот вид на образование/школување.
Домашното школување е присутно во многу земји во светот: САД, Русија, Ирска, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Австралија, Англија, Нов Зеланд, Канада, и покажува одлични резултати. Во САД овој модел на образование функционира од 1970 година и 1,8 милиони деца годишно се школувани дома, а тоа се 3,4 проценти од целосната ученичка популација, според нивниот Национален Центар за Едукативна Статистика. Науката оценува дека децата од САД школувани со домашно школување со значителна разлика ги надминуват врсниците школувани во јавното и приватното школство. Студиите за квалитетот на социјализација на децата истакнуваат дека истата е на еднакво или подобро ниво споредбено со школувањето во јавните и приватните училишта.
Како пример го наведуваме Американскиот модел на домашно образование каде детето не е обврзано да оди или присуствува на училишните предавања, Предноста на домашното образование е што децата кои се надарени можат да се посветат на свое усовршување, од причина што можат за кусо време да ги дадат со полагање сите потребни години на формално образование, доколку се одлучат за таа опција на домашно школување, која е налик на Американскиот модел. Децата определени за домашколување можат да учат неоптоварени од секојдневната школска рутина, која не одговара на потребите на секое дете и условите во секое семејство. Исто така, ова образование е погодно и за хронично болните деца и деца болни од секакви други болести и не им одоговара школската средина за учење.
Со овозможувањето на ваков тип и модел на образование ќе биде исполнета долгогодишната желба на родителите и децата кои сфатиле дека сакаат поголема разнообразност во начините и опциите на образование, притоа доволно информирајќи се за применетоста на homescholing/домашно образование/школување во светски рамки, инспирирајќи се од долгогодишната пракса која постои во повеќе земји, за што постојат неброени ресурси на интернет.
ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВО, член 5: Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство. Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и општеството.
ЗАКОН ЗА СЕМЕЈСТВО, член 46: Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување. Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспособување, зависно од условите на семејството.
Според наведените членови од законот, основните услови за домашколување веќе постојат во нашето законодавство, останува, како што побаравме на почетокот, да се изготви Правилник и Програма за начинот на изведување на домашколувањето, наставната програма и оценувањето. Поддржете не, заради нашите и Вашите деца, затоа што и домот е училиште!

ФБ - група за поддршка на домашното образование/школување

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!