Разрешување на Проф. Најчевска

Разрешување на Проф. Најчевска

0 have signed. Let’s get to 500!
At 500 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
Maja Velichkova Gift Specialist - Wow Box started this petition to Проф. д-р Никола Јанкуловски (Универзитет "Св. Кирил и Методиј") and

Петиција

До: Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Почитуван Проф. Д-р Никола Јанкуловски,

Јас, Маја Величкова од Скопје, студент на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, програма Општествен развој, индекс бр.1, ја покренувам оваа јавна петиција со барање за разрешување на вашата колешка, проф. Д-р Мирјана Најчевска од позицијата редовен професор на ИСППИ.

Изјавите и ставовите на Најчевска се често скандалозни, со упатени навреди кои разгоруваат омраза и нетолеранција кон „поинаквите“. Ова е суштинска спротивност од декларативните заложби според нејзиниот професионален ангажман и повик.

Таа е професор во институција која се финансира од државен буџет, што значи сите граѓани солидарно придонесуваат во полнење на буџетот од кој професорката прима плата. Сепак, многу често се случува таа да го навредува народот кој не размислува како неа, а тоа значи поголемиот дел од граѓаните кои и го полнат буџетот од кој таа прима плата. Со ваквите истапи вашата колешка го подрива интегритетот и угледот на институтот, па дури и делува како одбивна сила кај идните студенти.

Во прилог ќе презентирам неколку од контроверзните моменти кои Најчевска ги има споделено со јавноста и аргументи кои говорат против општо-корисната работа на оваа професорка:

1 - во свој пост на Фејсбук таа упати навреди од најдолен вид кон граѓаните кои ги застапуваа своите права и на 18 ноември 2018 протестираа против уставните измени согласно неуставниот Преспански договор и неуставната и антиунитарната Тиранска платформа. Цитирам: 

„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хор ор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.

Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате нас илство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.

Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.

И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“

Извор: https://infomax.mk/wp/најчевска-повторно-со-навреди-кон-мак/

Ќе понудам само уште еден пример на навреди кои Најчевска ги упатува, кон неистомислениците од богатиот опус на „академскиот граѓанин. Од пост на Фејсбук објавен по настанот Евровизија 2019: „Јас мислам дека македонската дијаспора треба да се тргне од гласачките листи на ------ Македонија, не затоа што не гласаа за Тамара, туку заради тоа што: …. 5. Тие си раскажуваат романтични приказни за татковината облечена во народна носија која јава на магаренце, а ние се обидуваме државата да го стигне последниот вагон од еропскиот воз кој ја зголемува брзината….. А кретеноидите кои не нарекуваат северџини и северџинија се тие кои шират говор на омраза и поттикнуваат на насилство и сакаат да не задржат во смрдениот гомнарник од кој се обидуваме да излеземе.“

Во продолжение цитирам одредби од Кодексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои Најчевска ги прекршува со овие нејзини испади во јавноста:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е институција на највисоките вредности: Вистинавта, Доброто и Убавината.
Односите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се градат врз основа на достоинство и самодостоинство на неговите дејци и студенти. Сите меѓусебно се почитуваат. Никој не навредува и повредува друг.
Посебни етички задачи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје произлегуваат од позицијата на најстар и водечки Универзитет во Република Македонија во смисла на помагање на научниот и културниот развој на земјата и на работата на другите универзитети воземјата.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се негува еднаквост и рамноправност на сите во неговите редови и надвор од нив - не се прави никаква разлика во однос на полот, расата, верата, етничката припадност, мајчиниот јазик и социјалниот статус на личноста.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се застапува за единствен свет и за соработка на сите луѓе во светот, како и за плурализам на интелектуалните ставови и политичките погледи, а е против ставовите со кои луѓето се негираат спред некоја природна карактеристика, социјална положба или духовна определба.

2 - во својата колумна на сајтот www.kvadraturanakrugot.com.mk а пренесена и на https://okno.mk/node/64976 таа застанува во одбрана и ја застапува позицијата на Никола Шиндре, кој во својата колумна пишуваше за прифатливост на консензуален сексуален однос помеѓу човек од 50 години со девојче од 12 години. Цитат од колумната на Најчевска: „Колку што можам да прочитам, Шиндре во текстот не зборува за педофилите туку за децата одаспект на нивната сексуалност. ПРЕДМЕТ НА РАЗГОВОР СЕ ДЕЦАТА И ДЕТСКАТА ПЕРСПЕКТИВА. НЕ ПЕДОФИЛИТЕ, НИВНИТЕ ЖЕЛБИ, НАМЕРИ, АКТИВНОСТИ И СЛ.  ДАЈТЕ, ВЕ МОЛАМ, СОБЕРЕТЕ СЕ. МЕЃУ ВАС ИМА ПОВЕЌЕ ПЕДОФИЛИ ОТКОЛКУ ШТО САКАТЕ ДА ПРИЗНАЕТЕ И ВИЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ КАКО ФИЉАН ЛУЃЕ, ЗАТОА НЕ МИ СЕ СИЛЕТЕ МНОГУ! ТОГАШ КОГА ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕАГИРА, НЕ СТЕ РЕАГИРАЛЕ“.

Понатаму таа се обидува да го релативизира терминот дете во контекст на темата сексуалност на деца и секс меѓу дете и возрасен, вклучувајќи ги во оваа категорија и младите од 17 години. Цитат: „Од друга страна ако некому му паѓа црвено перде пред очите на спомнување на сексуалност на деца и секс меѓу дете и возрасен, ќе мора прво да го тргне пердетео па да почнеме да разговараме. Посебно ако се има предвид дека дете е и човек со навршени 17 години, а возрасен е човек со навршени 18 години.“

Според трудот на Роберт Каил (2011), Деца и нивниот развој (6то издание), периодите во детскиот развој се: новороденче (0-4 недели), бебе (4 недели - 1 година), тодлер (1-2 години), претшколски деца (3-5 години), школски деца (5-11 години), адолесценти (12-19 години). Значи не можеме паушално, во полза на спинување на пораката на колумната, да користиме погрешни дефиниции и терминологија!

И има уште еден спорен конструкт во колумната на Најчевска. Таа пишува: „Она што можам да го видам од текстот е дека се поставува прашањето: каде да се обрати за помош, консултации, поддршка детето и кому да ги постави прашањата поврзани со сексуалноста, своите желби, двоумења, стравови, несигурности…? Еве, кажете ми, кому? Ова е едно многу легитимно прашање на кое мора да најдеме одговор.“ 

Овој последен дел, е можеби најстрашниот спин што го прави Најчевска, сугерирајќи дека колумната на Шиндре дури е и корисна. Односно дека има за цел, да го реши проблемот на децата и нивните мачни прашања. Со ова, таа иако мајка и баба, го занемарува фактот дека семејството е основната заедница која го воспитува и негува детето каде тоа најчесто пронаоѓа многу одговори и сопствен идентитет и безбедност. Посебно во предадолесцентните години, кога и се формираат сознанија за сопствената сексуалност.

3 - на својот блог-сајт Најчевска го дефинира цивилното општество како: 

Оваа дефиниција е најблаго кажано контроверзна и не се среќава во стручната литература на интернет.

Во едно пошироко сфаќање на цивилното општетсво во него можат да се вбројат: локални НВО (со најразличен можен интерес: здружение на родители на деца со целебрална парализа, здружение на жени со рак на дојката, здружение за заштита на животните, здруженија за човекови права, здружение на стечајни работници, здружение на бранители, …), меѓународни НВО, медиуми, граѓански движења, хуманитарни организации, професионални здруженија (писатели, глумци, наставници, занаетчии, …), волунтерски асоцијации, транснационални општествени движења (за спасување на Земјата, зелени, …), филантропски фондации, синдикати, лоби групи, спортски и културни друштва, електронски организации (интернет мрежи и организации), полуавтономни организации, елитистички  организации, тајни клубови, религиозни групи, култови и секти, криминални и терористички групи, банди, мафија, … 

Според дефиниција на Обединетите Нации од 1998, цивилното општество е сферата во која општествените движења се само-организираат околу цели, заедници, и тематски интереси. Оваа стратегија како организации на цивилното општество ги смета оние недржавни актери кои се вбројуваат во трите главни категории: организации базирани на членство, невладини организации, и општествени движења.

Според дефиницијата на ОЕЦД (Париз, 2006) цивилното општество е збирот на асоцијации преку кои општеството доброволно се организира и кои се претставници на широк дијапазон на интереси и врски. Во овие организации се вклучуваат организации формирани од заедницата, организации на домородното население и невладини организации.

4 - Најчевска, покрај својата работа на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања има безброј други ангажмани во невладиниот сектор и во меѓународни организации. Ова е неетично и неправедно кон младите луѓе кои неможејќи да најдат вработување во Македонија, својата иднина но и егзистенција ја бараат надвор од Македонија. Имено, Најчевска како што пишува на нејзината кратка биографија на гблог-страницата Республика, е „вклучена во работата на повеќе невладини организации и неформални граѓански здружувања (поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, поранешен член на Управниот одбор на Фондација Отворено општество и сегашен претседател на Центарот за човекови права и разрешување конфликти). На меѓународен план била дел од работата на неколку професионални и експертски тела во рамките на ООН, ЕУ и Советот на Европа.“ Само за периодот 2014-2016 Центарот за човекови права и разрешување конфликти има добиено грантови од странски агенции во износ над еден милион долари. (Извор: Активности 2014-2016 - Извештаи CHRCR)

Се надевам ќе процените дека угледот на Универзитетот и Институтот е континуирано девалвиран со јавните настапи на Најчевска. Во оваа прилика ќе го изоставам политичкиот ангажман, кој иако преку граѓанските здруженија, е неизбежно видлив и крајно субјективен за принципот на автономност на Универзитетот.

Време е на студентите да им се понуди навистина она што е запишано во Кодексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да биде институција на највисоките вредности: Вистинавта, Доброто и Убавината.


Скопје, 03.07.2019

 

0 have signed. Let’s get to 500!
At 500 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!