БАРАМЕ СУСПЕНЗИЈА НА ДЕЛОВИ ОД ДУП ВО ПРЖИНО

БАРАМЕ СУСПЕНЗИЈА НА ДЕЛОВИ ОД ДУП ВО ПРЖИНО

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
Во одбрана на Пржино started this petition to Општина Кисела Вода (Градоначалник) and

До Општина Кисела Вода,

и повисоките надлежни институции вклучени во процесот на одобрување на ДУП:

Министерство за животна средина и просторно планирање,

Министерство за транспорт и врски и

Град Скопје,

Поради планираната експанзија на штетни градби во делови од населбата предвидени со ДУП-от за Градска четврт Ј20 Блок 01, а со кои сериозно ќе се загрози квалитетот на нашиот живот, од Советот и Градоначалникот на Општина Кисела Вода бараме:

  • ИТНО поништување на Одобренијата за градба на локацијата каде што се сруши потпорниот ѕид на улица „Пржино“ поради големината на објектот т. е. драстично зголемување на густината на населението со кое ќе се преоптовари канализациската, патната и целокупната инфраструктура и кое ќе има последици по сите останати параметри за квалитетно и хумано живеење.
  • МОРАТОРИУМ односно суспензија на спорните градби на територијата на населба Пржино, вклучувајќи ги предвидените градежни активности на сите објекти од А2 класа (згради) и објектите од А1 класа предвидени за изградба во парк шумата Водно и на спортскиот комплекс Славија, единственото место за рекреација во населбата. Бараме мораториумот да биде на сила се’ додека не се овозможи транспарентна и јавна ревизија на ДУП-от за реонот, со вистинска вклученост на жителите на населбата и учество на стручна, Партиципативна комисија составена од долгогодишни експерти за урбанизам и архитектура, и тоа од:

Комора на архитекти и инженери,

Асоцијација на архитекти

и граѓански претставници по предлог на Независен одбор на жителите на Пржино.

  • Истовремено бараме зголемена транспарентност на општината и месната заедница кон граѓаните кои живеат во населбата односно тие да бидат редовно информирани за процесите и одлуките на Општината преку меилинг листи, месечен билтен доставен до секоја куќа и на социјалните мрежи.

Заради ургентноста на нашите барања, очекуваме Советот на општина Кисела Вода да заседава по однос на истите, и да бидеме известени за донесените одлуки во најкус можен рок, а не подоцна од два месеци по доставување на оваа петиција до општината.

Со почит,

Жителите од населба „Пржино“

 

 

 

 

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!