Барање оставка на сите 120 пратеници во Македонскиот Парламент

0 have signed. Let’s get to 100!


Џафери: Промена на името во Собранието, доколку тоа го посака парламентарното мнозинство

 Ана Кочева: Македонците зборуваат западно бугарски дијалект

Мирослав Грчев: Македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на Југославија

Грчки медиуми: „Нова Македонија“ е предлогот на ФИРОМ, Грција ќе го прифати на пролет

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Член 2

Граѓаните на Република Македонија ги избираат пратениците во Собранието согласно со Уставот на Република Македонија (во натамошниот текст: Уставот) и закон.Пратеникот е претставник на граѓаните на Република Македонија и при извршувањето на функцијата пратеник одлучува по свое уверување.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Член 23
Пратеникот освен во редовната работа и заседанија на Собранието и неговите работни тела е
должен да остварува:
- редовни контакти со граѓаните,
- редовни контакти и консултации со невладини организации,
- контакти, соработка и консултации со Синдикатот и со здруженија на граѓани,
- соработка со меѓународни организации и
- други активности од надлежноста на Собранието, посебно во проучувањето на иницијативите и
предлозите за потребата од донесување на закони, други прописи и општи акти.

 

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Името на нашата држава се состои само од еден единствен збор, зборот Македонија, без додавки и придавки. Таа одлука е потврдена на референдумот од 8 септември 1991 година и е задолжителна за сите без исклучок и без ексклузивни права према било кого.

Собранието на Република Македонија, со декларација од 3 јули 1992 година декларира, дека “името Македонија е основа за името на еден народ - македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедни на мирен и демократски начин” и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници” (“Службен весник на РМ” број 40/1992).

Македонија нема уставно име! Синтагмата “уставно име” е само демагогија за промена на името на нашата држава со композитно или сложено име, кое ја кине врската меѓу името Македонија и името на македонскиот народ. Ние немаме композитно или сложено име, составено од два или повеќе зборови во целина, како некои други држави: “Буркина Фасо”, “Зеленор’тски Острови”, “Ел Салвадор”, “Саудиска Арабија”, “Брегот на слоновата коска” итн.

Уставот само го нотира името на државата за којашто се однесува. Ниту пак името на нашата држава е измислено со Уставот на државата. Државата се викаше Република Македонија  пред Уставот од 1991 или 1945 годинасе сеќавате ли ?? Значи, “Република” е само уставна референца којашто го означува уставното уредување на државата и ништо повеќе од тоа. Името на државата може, а и не мора да се именува со уставната референца “Република”.

Но, да, обидите на Атина и Нимиц се: името на нашата држава да се утврди како композитно, сложено име, од коешто само зборот Македонија сам за себе не ќе може никогаш и за никакви цели да се употребува. Дури и латиничната транскрипција на “Република Македонија” што ни се нуди како решение, е со цел ново име, што ја елиминира придавката “македонска”, “македонски”, “македонско” од именката “Македонија”, Македонија од етнологијата да се сведе на чиста географијата, за да се зацементира непризнавањето на македонскиот етнос, како непстоечки.

Ирелевантно ќе стане проблематизирањето на името на нашата држава, ако Грција го прифати постоењето на македонски народ, македонски јазик, македонска култура… Атина сосема е јасна кога вели, дека во Грција не постои македонско малцинство, не постојат Македонците како посебен етнос на земјината топка. За Атина историски, Македонците се Грци и за нив тоа прашање е затворено.

Нивните обиди денес се: преку еквилибристики со името да се елиминира постоењето на Македонците и во Републикава како што не ги признава во Грција, за да конечно се затвори македонското прашање. Актуелизацијата на држава Македонија, посебно по сукцесијата на поранешна СФРЈ и Македонците како посебен етнос, го руши нивниот концепт на државност и затоа се борат со сите средства тоа да се оневозможи.

Љубомир Фрчковски, своевремено, како министер за внатрешни работи, веќе покажа сервилност кон оваа опсервација и незаконски на граничните табли за влез во Македонија ја испиша “Република Македонија” и со латинично писмо “Republika Makedonija”, што за секој странец не значи ништо. Таблите до ден денес незаконски стојат на граничните премини. Ние не можеме да го менуваме англискиот правопис. Македонскиот јазик нема латинично писмо, туку кирилско. Република Македонија транскрибирана со латинично писмо на англиски јазик не се чита исто како и “Republic of Macedonia”, туку како “Македониџа”, што нема врска со Македонија. Тоа е дел од злобата на Атина, па бидете Република Македонија ама на латинично писмо за да не може никој во светот да прочита дека станува збор за државата Македонија.

Значи, да заклучам, Македонија нема уставно име. Македонија има само едно единствено име кое се состои само од еден единствен збор, зборот Македонија!’’

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------ПОРАДИ САМОБЕНДИСАНОСТА НА ОВИЕ НАШИ ДЕНЕШНИ ПОЛИТИЧАРИ КОИ МИСЛАT ДЕКА НИЕ ГРАЃАНИТЕ СМЕ САМО НИВНА ГЛАСАЧКА МАШИНА  ПОТПИШЕТЕ ЈА ОВАА ПЕТИЦИЈА ВО КОЕ БАРАМЕ СИТЕ ДО ЕДЕН  ДА ДАДАТ ОСТАВКА ОД НИВНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ФУНКЦИИ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СИТЕ ДО ЕДЕН ОД ПОЛИТИЧКИОТ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА  А СО ДА ИМ ПОРАЧАМЕ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ДОБИЈАТ ПОВТОРНО НАШИОТ ГЛАС А СО ТОА ДА ИМ ИСПРАТИМЕ ЈАСНА  ПОРАКА НА СЕКОЈ СЛЕДЕН ПРАТЕНИК ДА БЕРА ПАМЕТ И ДЕКА ГАЗДА НА МАКЕДОНИЈА Е МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН !!!!! А НИВНАТА ПРИМАРНА ЗАДАЧА ЗА КОЈА НИЕ ГИ ИЗБРАВМЕ  Е ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА ДРЖАВАТА ЗА НАС  ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА  И ТОА ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ЗДРАВ ЗДРАВСТВЕН  И ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ СИГУРЕН МИРЕН ЖИВОТ И ТОА  ЗА СЕКОГО БЕЗ РАЗЛИКА НА ВЕРА И НАЦИЈА И МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ 



Today: Bojadzieski is counting on you

Bojadzieski Tomislav needs your help with “Оставка на сите 120 пратеници во Македонскиот Парламент”. Join Bojadzieski and 14 supporters today.