Укинување на плаќање на паушалот за време на пандемијата со КОВИД - 19 и затворен градинки

0 have signed. Let’s get to 2,500!


Почитувани,
Поради состојбата со пандемијата на КОВИД - 19 и нејзино спречување за понатамошно ширење на вирусот помеѓу најмалата популација, децата до 6 годишна возраст во нашите предучилишни установи, истите беа затворени на 11.03.2020 год. со уредба на Владата на Р.С.М., а по препорака на Министерството за здравство. Според Законот за заштита на деца, Членот 54 гласи: "Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни,спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до шест години живот, односно до вклучување во основото образование." Иако градинките се целосно затворени, во поголем дел сеуште се плаќаат режиските трошоци со изговори дека така е правило или дека тоа е надомест за чување на местото во установата за веќе запишаното дете, дури и во услови кога нема нови уписи во истата. Додека во некои општини, преку советите беа донесени одлуки за лслободување на родителите од плаќање на паушалот во износ од 521 ден. за режиски трошоци, поголемиот дел од родителите се дискриминирани.
Оттука произлегуваат нашите барања, кои се надеваме дека ќе бидат разгледани и прифатени:
Според Член 191:(1) Цените на услугите што ги дава јавната установа за деца основана од Владата и износот на НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ за престој во установа за деца што паѓа на товар на родителите чии деца ги користат нивните УСЛУГИ, ги утврдува министерот. (2) Цените на услугите што ги дава јавната установа за деца основана од општината и градот Скопје, односно од општината и општината во градот Скопје и износот на НАДОМЕСТОК НА ТРОШОЦИТЕ за престој во јавната установа за деца што паѓа на товар на родителите чии деца ги користат нивните УСЛУГИ, ги утврдува советот на основачот на предлог на управниот одбор на јавната установа за деца." Според тоа, молиме да се укине надоместокот за режиски трошоци или за чување на место во установата до повторно отварање на детските градинки, на државно ниво. Објектите се во полн застој, а на родителите им се драстично намалени или потполно скратени месечните приходи.
Оние кои веќе го платиле долгот за досегашните месеци да им се овозможи пребивање на сумата откако ќе се отворат објектите, а доколку детето е во голема група (претшколска) да им се рефундираат средствата.
При повторно отварање на установите - детските градинки, да се овозможи прием на децата чиишто родители добиле отказни решенија откако градинките се затворени (11.03.2020). Голем број од родителите откако се затворени градинките и е донесена одлука за користење на ослободување на еден родител од работно место, не добија можност за користење на истата и притоа им беше прекинат работниот однос поради неможноста за организација околу чување на детето. Истите сега не можат да достават потврда како нивното дете би се вратило во градинката, а родителите би се вклучиле повторно во работниот процес.