Victory

Откажување на државна матура во 2020

This petition made change with 7,790 supporters!


Поради вонредната ситуација настаната од Covid-19 на светско ниво од која Република Северна Македонија не е исклучок, матурантите бараат да се откаже државната матура.

Ситуацијата кај нас моментално прогресира и не запира. Никој не може да претпостави уште колку ќе трае моменталниот хаос. Немаме онлајн часови со кои би можеле да се поткрепиме и да ги надокнадиме изгубените часови, но и тие го немаат истиот ефект како регуларните часови во поглед за подготвување за матура.

Полагањето на самиот испит може да биде ризик за здравјето на учениците и тестаторите. 

Ние матурантите бараме откажување на државната матура 2020, по примерот на Холандија, Велика Британија и Шкотска и запишување студии врз основа на резултатите од успехот во изминатите четири години. Секој ученик има право да се запише на студии со оглед на амбициите коишто ги поседува истиот, без одолговлекување на факултетските уписи. Со оглед на вонредната состојба која доминира на светско ниво, се надеваме на позитивен одговор од надлежните. 

Сметаме дека предлогот (размислувањето) матурските испити да се одложат во јули е несоодветен и на штета на учениците коишто сакаат да аплицираат во странство на коишто целосно ќе им пропадне уписната година, доколку матурските испити бидат одложени. Затоа, ние НЕ бараме одложување на државната матура, туку откажување на истата. 

Ние матурантите бараме оценките од матурскиот испит да бидат заклучени од успехот од изминатите четири години.

Со оваа петиција бараме да се испочитуваат нашите права, да се проследат одлуките донесени во Холандија и согледувајќи ја реалноста да добиеме позитивен одговор. 



Today: Biljana is counting on you

Biljana Ristoska needs your help with “Министерство за образование и наука (МОН): Укинување на државна матура 2020”. Join Biljana and 7,789 supporters today.