Енергетско-ефикасни УЧИЛИШТА на СОНЦЕ и образование за КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

0 have signed. Let’s get to 1,500!

Go Green
Go Green signed this petition

Најголемиот дел од средните училишта во нашата земја се со ниска енергетска ефикасност (отсуство на изолација, стари прозори итн). и користат енергенс за струја и/или загревање со потекло од фосилни горива (нафта, јаглен). Со оваа петиција бараме институциите да посветат повеќе внимание и ресурси на зајакнување на енергетската ефикасност на училиштата, користење сончева енергија за загревање и струја, и поголема застапеност на образованието за климатски промени во образовната програма. Поконкретно: 

1. Бараме училиштата да ја зголемат класата на енергетска ефикасност (изолација, покрив, прозорци) и да користат сончева енергија за греење и струја (солар-термал). Со овие интервенции ќе придонесат за намалено загадување на воздухот и намалување на придонесот кон климатските промени, а истовремено ќе ја развијат и еколошката свест кај учениците и училишната администрација.

Институциите: Министерство за економија, Министерството за животна средина, општините и ЗЕЛС да направат план за енергетска ефиканост за училиштата и зголемување на сончевата енергија за струја и греење.

 
2. Бараме поголема застапеност на содржини на тема одржлив развој, со посебен акцент на климатските промени, во сите наставни програми, или изготвување наставни програми за меѓупредметни теми од областа на одржлив развој заедно со сите нејзини поттеми и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени. Со оваа петиција бараме да се формира работна група од Министерството за образование,  Бирото за развој на образованието, како и Центарот за стручно образование и обука за да се изготви анализа и детални препораки за реални промени во образовните програми за поголема застапеност на темата одржлив развој со акцент на климатските промени.