Правда за Јldz Veaposka, родилката од Струга: Кривична казна за Мухамед Асани

0 have signed. Let’s get to 25,000!


Веќе подолог период во Македонија се води определен случај за родилката Jldz Veaposka во кој гинекологот Мухамед Асани,заедно со асистенција од неговиот син во дива ординација при породување извадиле и други органи кои според извештаите биле здрави.

Сите официјални извештаии од надлежните органи  кон кои е упатена петицијава даваат небулозни објаснувања дека "НЕМА ПРОПУСТ ВО ЛЕКАРСКАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ДОКТОР АСАНИ КOJ НА РОДИЛКАТА  ИЗВАДИ МАТКА, БУБРЕГ И ЈАЈНИK"

Овие извештаии се небулозни и претставуваат потценување на основната интелегенција.

Бараме "Правда за Јldz Veaposka, родилката од Струга: Кривична казна за Мухамед Асани, финансиска оштета за жрвтата.

Според сите извештаи кои ги има Veaposka, и според фактот дека Асани работел во нелиценцирана (дива) ординација, бараме повторно да се разгледа овој случај и да се постапи според законите во нашава земја.

Бараме кривична казна за Асани за:

1. Незаконско работење во нелиценцирана ординација

2. Незаконско препуштање на одговорноста на немедицинско лице (неговиот син).

Дополнително сметаме дека овде може да има индикации за поголемо казнено дело, поточно "Трговија со органи". Логично се поставува прашањето Зошто се извадени 3 органи ако биле целосно здрави ? Со која причина? На Veapovska никогаш не и е дадено објанување за целава ситуација. Сметаме дека ова може да биде само почеток на една алка од низата на ланецот за трговија со органи и бараме детална истрага.