Крај на полицискиот час и други неефективни мерки.

Крај на полицискиот час и други неефективни мерки.

0 have signed. Let’s get to 1,500!
At 1,500 signatures, this petition is more likely to get picked up by local news!
Македонија Слободна started this petition to Македонскиот народ and

Веднаш укинување на форсираните мерки за чие непочитување следуваат парични или затворски казни како што се :

1. Мерка на полициски час

2. Мерка на задолжително носење на маски

3. Мерка на социјално дистанцирање

4. Мерка на затворање на економскиот сектор

Со овие мерки се нарушуваат основните човекови права како што се :

1. Право на слобода

2. Право на живот

3. Право на избор

4. Право на слободно движење

5. Право на јавно социјално собирање

6. Право на економска слобода односно чесна работа

7. Право на одговорност и борење за колективните човекови права

Оваа петиција не бара отфрлање на препораките за носење заштитни маски и социјално дистанцирање доколку граѓаните сметаат дека тоа е потребно, туку бараме право на избор (четвртото човеково право не дозволува ропство односно овозможува право на индивидуален избор) кое ни дава да ги сносиме "последиците" на лична одговорност, односно бараме основно право да одлучиме дали ќе носиме заштитни маски, дали ќе се придржуваме кон препораките за социјално дистанцирање и да имаме право на економска слобода односно моментално отварање и ослободување на економскиот сектор со право на избор дали граѓаните би се придржувале на препораките за безбедност или не. 

На ден Понеделник, 05.04.2020 (четврти мај) на територијата на нашата држава имаме 0.72% од целото население "потврдени" случаи на КОВИД-19 со смртна стапка од 0.004% (84 од околу 2.100.000 граѓани) на целата територија, односно статистика која никако не ја оправдува моменталната ситуација за применување на мерката од полициски час и прогласената епидемија.

Штетата на менталното и физичкото здравје врз здравата популација поради овие тирански мерки се и ќе бидат далеку по катастрофални од тие 0.004%.

За компарација во Италија имаат 0.002% смртна стапка но сепак "Fake news" индустријата успеа да креаира лажна слика и пропаганда како "секој втор" да е заразен и починат од КОВИД-19.

Затоа бараме моментално укинување на сите овие форсирани непотребни мерки.

Ова е директна навреда врз интелигенцијата на Македонскиот народ и Македонскиот граѓанин и си ги бараме сите човекови права назад!

Никогаш повторно да не дозволиме одземање на основните човекови права на слободниот човек со искористување односно злоупотреба на силата на полицијата и војската.

Ова е борба за иднината на човековата раса и неговото постоење.

Вратете ни го животот назад.

0 have signed. Let’s get to 1,500!
At 1,500 signatures, this petition is more likely to get picked up by local news!