Игор Дурловски за Претседател на Република Македонија

Игор Дурловски за Претседател на Република Македонија

0 have signed. Let’s get to 100!
At 100 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
Suzana Dimitrievska started this petition to Собрание на Република Македонија

Ние потписниците на оваа петиција со цела совест и доброволие ја поддржуваме оваа иницијатива за претседателска кандидатура на академскиот музичар и професионален уметник Игор Дурловски.

Сигурни сме во неговата способност за превземање на оваа многу важна функција за сите нас, затоа што веруваме дека тој поседува знаење, има искуство во комуникација со народни маси како локално така и во странство, но што е уште поважно се идентификува со народот што е квалитет од особено значење за еден лидер на нација. Ова го докажа на последните по-масовни протести кои се случија во Република Македонија, кога наместо својата удобна фотеља и уживањето во скоро добиената награда "Орден за заслуги" како директор на МНТ од страна на сегашниот Претседател Ѓорѓе Иванов, тој ја одбра улицата каде заедно со десетиците илјади народ одлучи да искаже отпор на распродавањето на државните интереси и националниот идентитет од страна на надворешно-контролираната и мандаторски условена влада, предводена од аболициран Премиер.

Ние потписниците на оваа петиција, веруваме дека Игор Дурловски поседува кавалитети на лидер кој достојно ќе ја презентира Република Македонија надвор од границата, а водено ќе го претстави и гласот на народот со истиот интензитет како и во моментите на пучистичките напади врз нашата држава и народ.

НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!

0 have signed. Let’s get to 100!
At 100 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!