Заштита и реставрација на првото училиште на македонски јазик во слободна Македонија

Заштита и реставрација на првото училиште на македонски јазик во слободна Македонија
Why this petition matters

Почитувани граѓани и сакани пријатели, познаници, почитувани институции, Влада на Република Северна Македонија, Министерство за култура, Министерство за образование и наука и Управа за заштита на спомениците на Македонија,
Ви се обраќам во името на сите нас, да го заштитиме од пропаѓање и негрижа првото училиште на македонски јазик, во кое во првата слободна територија на Македонија во далечната 1943 година се одржувала настава на македонски јазик! Во Подвис, Кичевско на 23 септември 1943 година е отворено првото слободно училиште на македонски јазик!
Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Отворањето на ова училиште на мајчин јазик во 1943 година е речиси една година пред одржувањето на АСНОМ на 2-ри август 1944.
Зградата на тоа училиште е историски споменик, подлога на македонското образование, и таа вредност треба да се препознае и вреднува.
Замислете ја радоста да се учи на свој мајчин јазик во тоа време, додека уште траела војната.
Со оваа петиција се бара:
-да се реставрира зградата на училиштето и соодветно да се огради и обележи;
-да се направи асфалтен пат до училиштето;
-да се постават патоказни табли покрај главниот пат за да го означат историскиот Подвис, и споменикот на македонски јазик;
-да се стават детали за овој споменик во сите учебници на сите јазици во Македонија, за идните генерации да не го заборават она што нивните родители го заборавиле, или не го знаеле;
-да се организираат екскурзии во погорните одделенија за посета на училиштето;
Не треба многу, ова училиште сме ние! Ова училиште е нашата борба за слобода, ова училиште е нашиот јазик!
Да го заштитиме, така што зградата на училиштето ќе се реставрира и редовно одржува! Хартијата трпи се, но ние треба виатински да се грижиме за своето кулурно наследство!