Petition Closed

Жените имаат право на бесплатна, достапна и квалитетна гинеколошка здравствена заштита!

This petition had 674 supporters


“Жените повеќе нема да молат за своето репродуктивно здравје!”

Обезбедете ни:

  • потребен број на матични гинеколози во нашите општини, особено во општините Шуто Оризари, Прилеп и Битола.
  • бесплатни гинеколошки услуги, гарантирајте дека матичните гинеколози нема да ни ги наплаќаат бесплатните услуги;

За да се остварат нашите барања од Владата на РМ, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и единиците на локалната самоуправа бараме:

  • Да обезбедат средства за покривање на трошокот за специјализации по гинекологија и акушерство за матични гинеколози во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ) во општините каде што воопшто нема или нема доволен број матични гинеколози, особено ова го бараме во општините: Шуто Оризари, Прилеп и Битола, за да се постигне опфат со матични гинеколози предвиден со Уредбата за мрежа на здравствени установи;
  • Да преземат законски мерки за да се спречат незаконските наплаќања за гинеколошки услуги од матичните гинеколози.

Зошто се потребни ваквите акции:

  • Во Република Македонија недостасуваат 152 матични гинеколози за да се исполни критериумот утврден со Уредбата за мрежа на здравствени установи. При тоа во 45 општини нема матичен гинеколог, а во 24 општини има недостиг од матични гинеколози.
  • Истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека на 56% од жените Ромки матичните гинеколози им наплаќаат при секој преглед.

 

Организации креатори на иницијативата: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ од Скопје, Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ од Скопје, НВО КХАМ од Делчево, Ромски ресурсен центар – РРЦ од Скопје.

Организации поддржувачи на иницијативата: Фондација Отворено општество - Македонија од Скопје, Ромска организација за мултикултурна афирмација – РОМА СОС од Прилеп, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ од Скопје, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ од Скопје, Здружение на граѓани Амбрела од Скопје, ХОПС – Опции за здрав живот од Скопје, Инцијативата на жени од Шуто Оризари, Центар за образовна поддршка Дендо Вас од Скопје, ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување од Скопје, Здружение на граѓани Ромаверзитас од Скопје, Здружение на граѓани Романо Авази од Скопје, СОНЦЕ – Асоцијација за демократски развој на Ромите од Тетово, Здружение на граѓани Светла иднина од Кочани, Центар за социјални иницијативи – Надеж од Скопје, Македонска платформа против сиромаштија, Здружение на граѓани – Хуманост од Скопје, Здружение на граѓани Бела кула од Кичево.



Today: ESE is counting on you

ESE Association needs your help with “Жените имаат право на бесплатна, достапна и квалитетна гинеколошка здравствена заштита!”. Join ESE and 673 supporters today.