Петиција за укинување на новиот данок за Co2 Честички.
Петиција за укинување на новиот данок за Co2 Честички.
Согласно новиот закон и уредување за увоз на автомобили (половни или нови) давачките за увоз на половен автомобил се покачени скоро дупло а не се изоставени и новите возила.Моменталната царинска давачка заедно со данок за Co2 се покачени посочуваме само со пример Голф 5 од 500 на 1300 евра.За голф 6 од 900 на 1500 евра,Корса Д 2006 63000 ден од 24000 ден итн.Разликите во цените на автомобилите се драстично големи и највеќе ќе удрат по џепот на граѓанинот на Р.Македонија,а проблемот со загадувањето ќе остане.Возниот парк на државата само ќе старее меѓу другото.Овој закон не само што е на штета на 50000-100000 граѓани(авто увозници,вработени,авто механичари,перални,такси компании,шпедиции,транспортни фирми итн) туку е и на штета на самиот буџет на државата.
Бараме од секој еден што е засегнат(а тоа е буквално секој граѓанин) со овој проблем да се потпише на оваа Онлајн Петиција за да се слушне нашиот глас.
Нашиот предлог е да си продолжи стариот закон каде што е предвидено да се сопре увозот на евро4 од јуни 2020 год. и да продолжи увозот на Евро 5 возила со тоа сите ќе имаме бенефит и возниот парк ќе се обнови и новите возила ќе придонесат до почист воздух.
НАПОМЕНА:Оваа петиција не смее да се користи за партиски цели ниту нашето здружение на граѓани.Се оградуваме од било која политичка партија и нивните агенди.