Иницијатива за враќање на името „Република Македонија“

0 have signed. Let’s get to 100!
At 100 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
Коста Карев started this petition to Граѓаните на Македонија

Во ред. Се случи тоа што можеше да се претпостави. Манипулантите и митаџиите го сменија името на државава во Република Северна Македонија. Тоа е нова ситуација која бара нов одговор, затоа што иницијативата за референдум што ја покрена Тодор Петров ќе биде ставена ад акта оти во меѓувреме реалната состојба е веќе променета па прашањето ,,Дали сте за Северна Република Македонија” стана беспредметно.
Новиот одговор е нова иницијатива според Член 66 став 1 од Законот за референдум (Граѓанска иницијатива на државно ниво се покренува на предлог на100 граѓани) за распишување референдум со референдумско прашање ,,Дали сте за промена на името на државата во Република Македонија”.
Таква иницијатива може да се покрене само кога ќе стапи во сила денес донесениот уставен закон, затоа што до тогаш формално - правно името не е сменето.

Зошто сметам дека ова е добар начин за релаксирање на работите?
Затоа што тоа ќе ни даде начин демократски да се преброиме, кој навистина е за Северна, а кој е за Македонија, па малцинството полесно ќе ја прифати промената, ако таква биде изгласана. Значи услов за да дојде до релаксирање е пребројувањето да биде демократско: без притисоци и со јасно дефинирано прашање.

Иако законската иницијатива не може да се покрене веднаш, јавната иницијативна на социјалните медиуми може да се покрене веднаш. Еве јас ја покревам. Споделувајте за да се расшири.

Уште нешто: битно е јавнава иницијатива да добие голем замав уште сега додека уставните промени не се стапени во сила. Така ќе ја покажеме својата решителност, па може ќе предизвикаме реакција кај грчките пратеници.

0 have signed. Let’s get to 100!
At 100 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!