СТОП за дивата депонија во ВИЗБЕГОВО!

СТОП за дивата депонија во ВИЗБЕГОВО!

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!
„Граѓани на Визбегово“ started this petition to ГРАД СКОПЈЕ and

1.       Општината Шуто Оризари, во соработка со O. Бутел и градот Скопје, но и со сите други надлежни институции, Комунална хигиена и депонијата Дрисла, ИТНО да ги преземе сите неопходни чекори за дислокација на отпадот, кој се наоѓа во о. Шуто Оризари, а е во непосредна близина на с. Визбегово, на потегот од кај црквата св. Атанасиј и хотелот „New Star“ до Шуто Оризари, од двете страни на локалниот пат. Граѓаните НЕ прифаќаат затрупување на овој отпад, бидејќи на тој начин постои опасност од ТРАЈНО загадување на почвата и резервоарот на ЈП Водовод и канализација што е во непосредна близина на депонијата, како и водата во бунарите од селото. Исто така постои опасност од континуирано разгорување на материјалите депонирани на депонијата.

2.       Комуналното претпријатие на општина Шуто Оризари ТРАЈНО да го стопира одлагањето отпад на депонијата или на локации во непосредна близина и согласно со Законот за одлагање отпад што важи за сите општини на град Скопје без исклучок, секоја општина отпадот да го одлага на депонијата „Дрисла“.

3.       После отстранување на отпадот, ИТНО да се изврши рамнење на теренот и отстранување на сите објекти (рампи, ознаки и сл.), кои може да дадат лажни сигнали на граѓаните дека овој локалитет е место за одлагање отпад.

4.       Надлежните институции ИТНО да ги санкционираат дивите локации каде се палат кабли за добивање бакар." 

0 have signed. Let’s get to 1,000!
At 1,000 signatures, this petition is more likely to be featured in recommendations!