ЗА ДВОКАТНА 50ка!

0 have signed. Let’s get to 1,500!


Откако градоначалникот на Скопје, г. Шилегов реши да донесе одлука за заживување на ГТЦ, жителите од општина Гази Баба се најдоа најзасегнати по тоа прашање. Имено, ние, жителите се согласуваме со благородната идеја на г. Шилегов, меѓутоа се најдовме пред големи пречки за користење на правото за јавен превоз. Објаснето ни беше дека не е возможно двокатната 50-ка, која несомнено има поголем патнички капацитет од обичната, да помине по новата рута низ ГТЦ. Дали се Град Скопје и ЈСП свесни за тоа, кои потешкотии ни ги нанесоа нам, кои секојдневно патуваме со 50-ка до работа и назад, како и на сите ученици кои го користат јавниот превоз. Секојдневното доцнење, нервози и расправии се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќе пати дневно. Автобусите се со недоволен капацитет на патници!!! Се чини дека надлежните остануваат неми за новоппројавениот проблем. Апелираме: Да се смени сегашната рута (т.е. 50-ка да поминува покрај Жена парк како и што беше до сега) или автобусот со број 50 да стане пофреквентен и да го има почесто. 



Today: Sanja is counting on you

Sanja Tanevska needs your help with “Град Скопје : ЗА ДВОКАТНА 50ка!”. Join Sanja and 1,354 supporters today.