Да се избориме за ЗДРАВЈЕ, ЧИСТ ВОЗДУХ И ЧИСТА ОКОЛИНА!

0 have signed. Let’s get to 2,500!


   Општина Гази Баба е во постапка на донесување на 3 детални урбанистички планови (ДУП за С 17 блок 2, блок 3 и блок 4) за комплексот ф-ка ЖЕЛЕЗАРА со намена Г-производство, тешка и лесна индустрија. 

   Со ДУПовите се зафаќаат нови, огромни празни површини со зеленило, па наместо да се намали индустријата и технолошките поцеси кои ја загрозуваат животната средина во Градот, со овие планови само се зголемува проблемот на загадувањето и се отвораат нови врати за технолошки процеси кои се опасни по здравјето на луѓето и животната средина.

   За да е пострашна приказната, во линија над комплексот ф-ка Железара до обиколницата на површина од 230 000 м2 во исто време се води постапка за донесување на 3 урбанистички проекти со намена Е 3.1 - постројки за термички, физичко - хемиски и хемиски третман на неопасен отпад. За каков отпад станува збор не се знае.

   Донесувањето на овие ДУП-ови и Убанистички проекти троструко ќе го зголеми загадувањето, троструко ќе го влоши здравјето на луѓето и кавалитетот на животната средина. Под дирекнто влијание на ваквото загадување нема да бидат само жителите на населбите Железара, Бутел, Автокоманда и населените места над Обиколницата, туку целиот град Скопје и животинскиот свет кој е населен на таа зелена површина.

    БАРАМЕ во веќе долгата борба против загадувањето да не се дозволи да дојде до негово зголемување, да не се овозможува отворање на нови индустриски капацитети, да не се дозволат нови локации за отпад или третман на отпад. Бараме ЧИСТ ВОЗДУХ и ЧИСТА ОКОЛИНА! Бараме ЗДРАВЈЕ!