ОСТАВКА НА КОЧО АНЃУШЕВ

0 have signed. Let’s get to 200!


Бараме итна и неотповиклива оставка на г-дин Кочо Анѓушев од позицијата Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, заради неетичко работење и кршење на начелата на работење од Законот за спречување на судир на интереси. 

Сметаме дека има класичен судир на интерес при доделувањето финансиска поддршка од буџетот на РМ на компаниите Брако (членка на Групацијата Феро Инвест) и Каст Инвест, заради фактот што г-дин Анѓушев е вицепремиер за економски прашања, практично втор по моќ во извршната власт, а во исто време е сопственик на Групацијата Феро Инвест и ко-сопственик на Каст Инвест, кои добија или се во процес на добивање на финансиска помош од буџетот на РМ.

Имено, став 2 - член 4 од Законот за спречување на судир на интереси дефинира, меѓу другото, дека службеното лице е должно да ги извршува јавните овластувања без никаков приватен интерес.  Исто така, став 1 од член 7 од истиот закон дефинира дека во случај на постоење на сомневање на судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Државната комисија за спречување на корупција.  Исто така, сметаме дека г-динот Анѓушев признава вина со самото повикување на партнерите да се откажат од грантовите.

Го повикуваме Јавното Обвинителство детално да ти истражи сите компании - добитници на финансиска помош и го повикуваме Фондот за иновации да го поништи тековниот оглас и да објави нов оглас со прецизно дефинирани критериуми.

Линк до Законот за спречување на судир на интереси: http://www.dksk.org.mk/images/stories/pdf/zakon_si/zakon%20za%20sprecuvanje.pdf



Today: Иницијатива is counting on you

Иницијатива Мегафон needs your help with “Влада на РМ: ОСТАВКА НА КОЧО АНЃУШЕВ”. Join Иницијатива and 160 supporters today.