Млади за Македонија

8,415 supporters

    Started 3 petitions

    Petitioning Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Собрание на Република Македонија, Министерство за економија на Република Македонија, Влада на Република Македонија, Претседател на Репу...

    Граѓанска иницијатива за укинување на покачувањето на струјата и намалување на ДДВ на 5%

    До Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија Собранието на Република Македонија Министерството за економија на Република Македонија Владата на Република Македонија Претседателот на Република Македонија   Ние, граѓаните на Република Македонија, Револтирани од покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4%, Вознемирени од последиците од покачувањето на цената на електричната енергија врз цените на производите и услугите во Република Македонија, Бесни поради континуираното осиромашување на народот и државата од страна на странските монополи, Загрижени за нашите сограѓани кои поради актуелната пандемија нема да можат да ги покријат своите сметки за електрична енергија и поскапите намирници,  Имајќи ги во предвид платите во Република Македонија, кои се едни од најниските во Европа, Со надеж дека ќе го подобриме животниот стандард на народот, Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме: 1. Итно укинување на одлуката на Регулаторната комисија од 31.07.2020 за покачувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата за 7,4% , 2. Намалување на данокот на додадена редност за електричната енергија за домаќинствата од сегашните 18% на 5% , 3. Укинување на високата тарифа на цената на електричната енергија , 4. Формирање на засебен фонд за покривање на сметките на лицата со финансиски потешкотии, кој фонд ќе биде финнасиран од профитот на "универзалниот снабдувач со електрична енергија" ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје , 5. Законско решение за загарантиран откуп на електричната енергија од фотоволтаици произведена од домаќинствата и нејзин откуп во сооднос 1:1 , 6. Укинување на задолжителната комуналната такса за јавно осветлување. Обештетување на сите домаќинства кои поради различните струјомери плаќаа двокранта и трократна "комуналната такса за јавно осветлување" за еден ист објект , 7. Промена на тарифниот систем и укинување на ангажираната моќност од 33% во сметките за електрична енергија .

    Млади за Македонија
    8,337 supporters
    Petitioning Собрание на Република Македонија, Министерство за правда на Република Македонија

    Граѓанска иницијатива за Законот за јавно обвинителство

    До Собрание на Република Македонија Министерство за правда на Република Македонија   Ние, граѓаните на Република Македонија, Згрозени од политичкиот пазар кој партиите продолжуваат да го водат на наша сметка, Загрижени од преговорите на политичките партии околу Законот за јавно обвинителство каде целосно не имаат исклучено нас- граѓаните од овој процес, Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме Закон за јавно обвинителство во кој ќе има: Сеопфатна, транспарентна дебата и вклученост на граѓаните и нашите предлози во креирањето на финалното законско решение; Јавните обвинители по примерот на Соединетите Американски Држави и останати развиени држави, да подлежат на избор и реизбор од нас- граѓаните, потврдуван на редовни, слободни, демократски и фер избори; Транспарентни и отворени постапки за кандидирање на јавни обвинители со можност за извршување на оваа функција од сите квалификувани граѓани, а не само од децата на вработените во правосудниот сектор; Јавното обвинителство ќе претставува единствен орган, а работата на политичката дивоградба (СЈО) ќе подлежи на целосна ревизија; Сите јавни обвинители кои поднеле обвиненија, за кои Европскиот Суд за Човекови Права проценил дека не се во согласност со владеењето на правото ќе бидат веднаш без никакви отстапки и пазарења разрешени од функциите. Истото ќе важи и за судиите кои биле вклучени во овие предмети. 

    Млади за Македонија
    77 supporters
    Petitioning Млади за Македонија

    Граѓанска иницијатива за Законот за јавно обвинителство

    До Министерство за правда на Република Македонија   Ние, граѓаните на Република Македонија, Згрозени од политичкиот пазар кој партиите продолжуваат да го водат на наша сметка, Загрижени од преговорите на политичките партии околу Законот за јавно обвинителство каде целосно не имаат исклучено нас- граѓаните од овој процес, Ја покренуваме оваа електронска Граѓанска иницијатива и бараме Закон за јавно обвинителство во кој ќе има:   Сеопфатна, транспарентна дебата и вклученост на граѓаните и нашите предлози во креирањето на финалното законско решение; Јавните обвинители по примерот на Соединетите Американски Држави и останати развиени држави, да подлежат на избор и реизбор од нас- граѓаните, потврдуван на редовни, слободни, демократски и фер избори; Транспарентни и отворени постапки за кандидирање на јавни обвинители со можност за извршување на оваа функција од сите квалификувани граѓани, а не само од децата на вработените во правосудниот сектор; Јавното обвинителство ќе претставува единствен орган, а работата на политичката дивоградба (СЈО) ќе подлежи на целосна ревизија; Сите јавни обвинители кои поднеле обвиненија, за кои Европскиот Суд за Човекови Права проценил дека не се во согласност со владеењето на правото ќе бидат веднаш без никакви отстапки и пазарења разрешени од функциите. Истото ќе важи и за судиите кои биле вклучени во овие предмети.    

    Млади за Македонија
    1 supporter